ГРУЗИЕЦОТ ЗАМИНА, НО СТОЛЕ И НАТАМУ НЕМА ДА БИДЕ ПРВ ГОЛМАН НА ВАЛЕНСИЈА – ЌЕ ОДИ НА ПОЗАЈМИЦА?
Објавено на: 06.08.2025
На Столе Димитриевски му беше кажано да покаже трпение минатата сезона, кога Георги Мамардашвили добиваше предност да ја чува мрежата на Валенсија кој остана во клубот како позајмен играч од Ливерул. Откако заврши позајмицата на Грузиецот, очекувањата беа дека нашиот Столе ќе биде прв избор на Лилјаците, но се чини дека тоа нема да биде случајот.
Претходно во јуни управата размислуваше да го продаде македонскиот репрезентативец со оглед на тоа дека договорот му важи до крајот на јуни 2026 година, а клубот да доведе друг голман кој редовно ќе биде меѓу диреците. Валенсија половина од работата заврши, на позајмица го ангажира Хулен Агирезбала од Атлетик Билбао, што значи дека Столе повторно е втора опција за некогашниот шпански првак.
Поради тоа, наместо продажба, Валенсија моментално го нуди Димитриевски привремено на неколку шпански прволигаши. Тоа звучи како најдобра опција за Столе, да замине во клуб на позајмица каде би бил прв голман, а засега најконкретен интерес покажува Елче, повратникот во Ла Лига.
Димитриевски лани забележа само девет настапи за Лилјаците – четири во првенството и пет во Купот на Кралот.