Фудбал

СТОЛЕ ДИМИТРИЕВСКИ ИМА ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ПОБЕДИ ОД ПОРАЗИ КОГА БРАНИ ПРОТИВ БАРСЕЛОНА

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговата Валенсија денеска се пред голем тест. На „Местаља“ гостува актуелниот шпански првак Барселона. Каталонскиот гигант е во феноменална форма победувајќи на трите меча сезонава, постигнувајќи дури 12 голови, односно во просек по четири на меч.

Јасно е дека Барселона е голем фаворит да победи, но на страната на Димитриевски е една убава традиција. Малку кои голмани може да се пофалат дека во шпанското првенство имаат позитивен биланс во дуелите со Барселона. Токму таков е Димитриевски. Вкупно осум пати досега тој бранел против Барселона и има позитивен биланс од четири победи, две нерешени и само два порази.

Делува неверопјатно, но тоа е, Димитриевски кога брани против Барселона, неговиот тим речиси стандардно не губи. Македонскиот голман успеал на три меча да ја сочува мрежата „чиста“, а вкупно има примено само девет голови, односно во просек по еден гол на меч. Има и дури 27 одбрани, од кој еден пенал.

МЕЧЕВИТЕ НА СТОЛЕ ДИМИТРИЕВСКИ ПРОТИВ БАРСЕЛОНА

9 март 2019: Барселона – Рајо Валјекано 3:1

27 октомври 2021: Рајо Валјекано – Барселона 1:0

24 март 2022: Барселона – Рајо Валјекано 0:1

13 август 2022: Барселона – Рајо Валјекано 0:0

26 април 2023: Рајо Валјекано – Барселона  2:1

25 ноември 2023: Рајо Валјекано – Барселона 1:1

19 мај 2024: Барселона – Рајо Валјекано 3:0

23 мај 2026: Валенсија – Барселона 3:1