ШТО ВИ Е ПОВАЖНО – ПРСТЕНИТЕ ИЛИ НАСЛЕДСТВОТО?
Објавено на: 06.08.2023
Вечна е дилемата за секој спорт, кој од играчите остава поголем белег и со кого се поистоветува публиката, односно кој е најуспешен и кој има најмногу титули во кариерата.

Критичарите ги водат резултатите, а публиката ја води страста. Џеф Тиг е наклонет на втората група:
Прстените воопшто не ми се важни, на мене лично. Кога одав во парк, гледам деца како играат и се поистоветуваат со Џејмс Харден. Никој не се поистоветува со Двејн Вејд!
Дали е ова еклатантен пример на изреката – „Кисело е грозјето!“? Дали е ова навреда од Тиг, за еден од колегите, кој се вика Вејд? Во која група љубители на спортот, спаѓате Вие?
