Фудбал

ШТО МУ РЕКОЛ ДЕЛ ПЈЕРО НА ФЕРГУСОН, КОГА ОВОЈ ГО ПОБАРАЛ КАКО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ЛШ?

Фудбалот некогаш и денес, низ призмата на големите фудбалски икони – Сер Алекс Фергусон открива што му одговорил Алесандро Дел Пјеро, кога шкотскиот стратег сакал да го ангажира култниот италијански фудбалер:

„Беше тоа 2006-та година, Италија беше светски првак, а Јувентус беше исфрлен во втората италијанска лига. Го побарав и му реков дека ни е потребен, помислив дека кога  веќе Старата дама е во понизок ранг на натпреварување, нема да имам проблем да го добијам во Манчестер Јунајтед.

Но неговиот одговор ме изненади – Јас сум капитен на Јувентус и не можам сега да заминам од Торино, не во овој момент.“

Алесандро Деј Пјеро неколку години по ред ги одбивал понудите на Алекс Фергусон, а своевремено и Дарко Панчев добил отворена понуда да дојде во МАнчестер Јунајтед, кога веќе не можел да се снајде во Интер.

Во 1992-та кога се распадна генерацијата на европскиот шампион Црвена звезда (1991), Фергусон го побарал Панчев, кој го избрал Интер. Во 1993-та повторно Фергусон стапил во контакт со Дарко, но овој сакал да се докаже во Интер и призна дека згрешил.