СТИВ БРУС РАСПНАТ СИ ЗАМИНА ОД ЊУКАСЛ
Објавено на: 21.10.2021
На точно 60 години од неговиот живот, англискиот фудбалски менаџер и поранешен фудбалер го доживеа она што не треба да се посака никому. Три дена по поразот од Тотенхем со 3:2, Стив Брус го напушти кормилото на Њукасл и ја отвори душата:
Мислам дека ова е мојот последен тренерски предизвик, веќе нема да работам. Беше многу, многу тешко. Да се чувствуваш несакан, да гледаш како сите околу тебе сакаат да не успееш, постојано да ти се зборува дека нема да успееш, да ти кажуваат дека си бескорисен, дека си само дебел простор, дека си зелкоглав…

Ова е дел од интервјуто за Телеграф на 60-годишен човек, некогаш голем фудбалер (Норич, Манчестер Ј., Бирмингем, Шефилд). Ова е третманот на медиумите и фановите, ова е сликата на современото општество во кое секој може да каже се и да остане жив…