Кошарка

ЈАНИС ИЛИ ЈОКИЌ?

Двете големи ѕвезди на НБА лигата и последни најкорисни играчи во двете конкуренции, продолжија таму каде застанаа минатата сезона:

Јанис Адетокумбо ја освои титулата со Милвоки Бакс и беше прогласен за МВП на финалето, а на првиот меч во новата сезона против Бруклин Нетс, имаше учинок 32 поена, 14 скока, 7 асистенции, 2 блокади, со шут 12/25 од поле за 30 минути, во победата 127:104.

Никола Јокиќ беше прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната, а во новата влезе со учинок 27 поени, 13 скока, 2 асистенции и 59% реализација на шутот од поле, во победата на Денвер Нагетс против финалистот Феникс Санс, со 98:110 на гостувањето во Аризона.

Кого ќе изберете, како пик за следнава сезона – чија ќе биде оваа година?