СОЛЗИТЕ ПОКАЖУВААТ КОЛКУ ИМ ЗНАЧИ ОВА
Објавено на: 04.07.2021
Селекцијата на Данска славеше против Чешка со 1:2 во четвртфиналето на ЕП, а емоциите едноставно излегоа од телата на истоштените фудбалери, кои поминаа низ многу турбулентен период. Се сеќааме на немилата случка во првото коло, со Ериксен, кому Данска му го посветува ова ЕП.
#EURO2020 #DEN Ah, le football ❤ pic.twitter.com/0a6RstwrRY
— EURO 2020 🇫🇷 (@EURO2020FR) July 3, 2021
Од друга страна, паузата од 29 години од претходното полуфинале на Данците кои 1992-та влегоа на ЕП на местото на Југославија и на крајот ја освоија титулата, е најдолгиот временски период меѓу две полуфиналиња во историјата на континенталните фудбалски собири.
