Фудбал

СЛАВЕА ГОЛ НА ИНТЕР, ПА ДОБИЈА ОТКАЗ

Фановите на Интер имаа голема причина за славје во неделата, откако нивниот тим во 90+4 минута дојде до предност и победа против Верона.

Славеа играчите, тренерот Киву и неговиот помошник Коларов, но славеа и новинарите од Скај Спорт кои на бизарен начин беа „пробиени“ од гледачите. Имено, за време на погодокот, двајца новинари на Скај Спорт се прегрнаа и славеа погодок вреден победа, но од телевизорот на спикерот и отсјајот цела Италија виде кои се „скриените“ интеристи.

Откако снимката се појави на социјалните медиуми и „скандалот“ стана уште поголем, директорот на Скај Спорт – Федерико Вери соопшти дека новинарите се отпуштени поради недоличн однесување.

Погледнете: