Фудбал

СИТИ ПОБЕДИ, ДЕ БРУЈНЕ СЕ ИСТАКНА, А ГРИЛИШ ЗА МАЛКУ ЌЕ БЕШЕ ТЕПАН

Манчестер Сити славеше со 2:1 во пријателскиот натпревар одигран со Клуб Америка, двата гола за англиската екипа ги постигна Кевин де Брујне, но во фокусот на вниманието беше друг играч на актуелниот шампион во Премиерлигата.

Играчите на мексиканскиот клуб му се намерачија на Џек Грилиш и го „собираа“ од сите страни, а највпечатлив беше неговиот дуел со голманот Очоа, кој за малку не заврши со тепачка:

Кој ќе победеше во дуелот 1:1?