Фудбал

СИМЕОНЕ И ПРАВИ ШЕМИ НА БАРСА, ПАРИ СЕ ГУБАТ, ГРИЗМАН Е ЖРТВА

Атлетико Мадрид и Диего Симеоне имаат спектакуларен и добро осмислен план како „индиректно“ да и „наштетат“ на Барселона, а патем да сочуваат солиден финансиски дел во својата каса, во случајот со офанзивецот од Франција, Антоан Гризман.

Имено, аргентинскиот тренер и шпанскиот клуб коваат невидена завера против Каталонците, со тоа што „тенденциозно“ го зкаоваа на клупа напаѓачот, за кого ќе треба да платат 60 милиони евра откупна клаузула ако тој сезонава има реална минутажа.

Мадридската екипа одигра два меча сезонава, а Гризман и на двата меча одигра по нешто под 30 минути. За да си ги добие парите Барселона, Гризман треба да игра најмалку по 30 минути на натпревар, на 50% од натпреварите на Атлетико сезонава.

Вака, со греење на бенчот, душекџиите ќе платат нула евра за враќање на нивниот некогашен суперстар од врвен калибар. Од друга страна, се шушка дека сакаат да „и го вратат“ напаѓачот на Барса. За врвни фудбалери, врвни планови, нели?