Фудбал

СИМЕОНЕ И ВЧЕРА БЕШЕ ВО ЕЛЕМЕНТ (ВИДЕО)

Уште едно успешно издание на Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, со позитивни 2-1 Јорганџиите ќе го чекаат реваншот против Дортмунд за пласман во полуфиналето. Тимот на Симеоне можеше да има и посигурен резултат да не беше голот на гостите во финишот од средбата на „Метрополитано“, но и вака е добро за популарниот Ел Чоло.

Што се однесува до Диего Симеоне, аргентинскиот стратег редовно знае да се најде во центарот на вниманието на вакви натпревари, а вчера се зафати со спортскиот директор на Милионерите, Себастијан Кел.

Не е позната причината за нивната расправија, но Кел почувстува како да се застане пред разгорениот Диего кога е во елемент. Преводникот на Атлетико неколкупати го турна Кел по што му посочи да си се врати на своето место, пред да интервенираат присутните околу нив и да ги разделат.