Останато

СТЕ ВИДЕЛЕ ЛИ ШАМПИОНИ БЕЗ ПЕХАР? (ВИДЕО)

Индиската крикет репрезентација го освои Азискиот Куп, меѓутоа шампионската прослава се одвиваше без пехар. Не поради тоа што пехарот недостасуваше, туку поради што капитенот Суријакумар Јадав не сакаше да ја прими титулата од Мошин Накви, претседателот на азиската крикет федерација, кој воедно е и на чело на пакистанската крикет управа.

Со цел воопшто да нема контакт со Накви, Суријакумар се упати кон своите соиграчи преправајќи се дека носи невидлив пехар и ги крена празните раце во вис. Иако делува комично, овој потег е поради лошите односи меѓу Индија и Пакистан, кои во април годинава се влошија, а воопшто не се поправени од 2008 година кога двете земји влегоа во воен конфликт.

Индиските репрезентативци дури и се фотографираа со невидливиот пехар, позираа со празни раце пред фотографите и воедно уживаа во секој момент.