СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА ИГРАЧОТ, КОМУ ЕДНО „К“ МУ ГО СМЕНИ ЖИВОТОТ?
Објавено на: 15.04.2022
Во 2021-та, еден играч на Ајнтрахт Франкфурт беше на прагот да замине од Германија и да се пресели во Италија, но поради грешка во е-маил адресите, трансферот никогаш не се случи.

Денес, тој играч, со име Филип Костиќ, по двата постигнати гола на Камп Ноу е херојот на германската екипа и сигурно не се кае поради печатната грешка на италијанскиот клуб.

Наместо eintrachtfran-K-furt.de, пораката од Рим била испратена на eintrachtfranfurt.de. Што мислите, ќе поминеше подобро ако се преселеше во Лацио, или вака му е потаман?