Фудбал

ШАМПИОН НА АНГЛИЈА ЌЕ БИДЕ ТИМ ШТО НЕ МОЖЕ ДА ГО ПОБЕДИ ТОТЕНХЕМ

Екипата на Јурген Клоп си ја загорчи судбината со ремито против Тотенхем од 1:1, затоа што овој резултат значи проблем од два аспекта – и во домашното првенство, но и во Лигата на шампионите.

На домашен терен, Ливерпул сега доцни зад Сити потенцијални 3 бода, ако граѓаните успеат да го совладаат Њукасл. Ако не успеат, двата конкурента за титулата во Англија ќе имаат по 83 бода.

Црвените од Енфилд имаат и друг проблем – ако домашната сцена им задава проблеми, може истото да им се рефлектира и во финалето со Реал Мадрид, кој видовме дека не простува и најмало невнимание.

При ист број бодови, Ливерпул (моментално) има подобра гол разлика и би ја освоил титулата. Следниот критериум е постигнати голови, а ако по сите три критериуми се изедначени, Ливерпул и Сити ќе ја делат титулата.

Кој и да ја освои титулата од овие два тима, ќе биде обележан како тим што едноставно не може да го победи Тотенхем – во актуелната сезона во англиското фудбалско првенство, Сити има два пораза (2:3, 0:1), а Ливерпул има две реми средби (1:1, 2:2).

Антонио Конте моментално е фраер број 1 во Премиерлигата?