РУСИНКАТА КОЈА ПАДНА, НО ОСВОИ ЗЛАТО, НАПРАВИ ИСТОРИСКИ ПОТЕГ И ГО ОСТАВИ СВЕТОТ БЕЗ ЗДИВ
Објавено на: 07.02.2022
Русинката Камила Валиева има само 15 години, но се запиша во историјата на уметничкото лизгање како првата натпреварувачка во историјата на Зимските Олимписки Игри, со 4-кратен скок. Тоа се случи во тимскиот настап на игрите кои се одржуваат во Пекинг, во кој руската селекција веќе имаше обезбедено злато, пред САД и Јапонија.
На стартот на нејзината индивидуална програма, Камила изведе четириктатен Салчов скок, кој се постигнува со полетување од задниот дел на работ на едната нога и слетување на задниот надворешен раб на спротивната нога. Валиева поставува рекорди на секој настап во последните 6 месеци, колку што се натпреварува на професионално ниво:
Квад-скоковите се реткост во женското уметничко лизгање, но Камила Валиева ги изведува редовно и без мака. Таа падна во обидот да го изведе и третиот квад, откако имаше два успешни, но бодовите што ги освои беа толку многу и толку силни, што оваа нејзина грешка беше бодовно занемарена и покриена.