Фудбал

РОДРИ СЕ СЕЛИ ВО МАДРИД? ЛИЧНИТЕ УСЛОВИ СЕ ДОГОВОРЕНИ

Родри е чекор поблиску до трансфер во Реал Мадрид, откако, според последните информации, постигнал договор за личните услови со шпанскиот гигант.

Сепак, трансферот сè уште не е завршен, бидејќи Манчестер Сити и Реал Мадрид допрва треба да се договорат околу висината на обештетувањето.

Кралскиот клуб го поставил Родри како еден од главните приоритети во овој преоден рок, со цел дополнително да го засили средниот ред и да избегне трета сезона по ред без освоен трофеј.

Од друга страна, Манчестер Сити не се откажува лесно од искусниот играч за врска, чиј актуелен договор истекува следното лето.

Родри зад себе има успешен период во дресот на Сити, а неодамна со Шпанија ја освои титулата светски шампион на Мундијалот 2026, при што беше прогласен и за најдобар фудбалер на турнирот.

Доколку трансферот се реализира, Родри би требало да донесе дополнителна стабилност во средниот ред на Реал, благодарение на неговата мирнотија со топката, одличното читање на играта и прецизните додавања.

Сепак, според истите информации, шпанскиот репрезентативец би можел да го пропушти почетокот на новата сезона, бидејќи треба да оди на операција поради проблеми со грбот.