Фудбал

РЕВОЛУЦИОНЕР ИЛИ ФОЛИРАНТ: ФАЈНАЛ-ФОР ВО УЕФА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ?

Претседателот на Европската куќа на фудбалот размислува да воведе револуционерен потег, односно да го применува форматот на завршницата на сезоната во ЛШ, како за време на корона лок-даунот.

Во сезоната 2019/20 гледавме турнирска завршница и неколку спектакуларни резултати (Барселона – Баерн Минхен 2:8):

Не стигнавме да разговараме за детали, но мислам дека тоа би бил одличен потег. Натпреварувањето би било далеку понеизвесно и многу поинтересно за навивачите. Зборував со некои претседатели на клубовите и тие мислат дека идејата е одлична.

Европскиот фудбал е поголем од НФЛ, но Супербоул финалето е спектакл. Мора некако да им се компензира на клубовите кои ќе изгубат пари како домаќини на полуфиналињата. Се би можело да заживее најрано од сезоната 2024/25.

Се сложувате ли со размислувањата на Александер Чеферин?