Фудбал

РЕАЛ МАДРИД ГО МЕРКА РУДИГЕР?

Следното лето ќе биде уште едно пеколно во поглед на фудбалските трансфери, затоа што најавите за тектонските поместувања се големи, а згора на тоа истекуваат и договорите на повеќе квалитетни играчи ширум Стариот континент.

Кралскиот клуб бара долгорочно решение на позицијата централен дефанзивец, а како прва опција се споменува Антонио Рудигер од Челси. Германецот е цел и на други екипи, но погодувате кој ја има пол-позицијата во сите можни шпекулации. Единствено ПСЖ може да ги помати сметките.

Ако до јануари не се договори со лондонските сини, според правилата, германскиот интернационалец може да почне преговори со другите тимови кои би сакале да го ангажираат. Рудигер би бил идеална замена за позициите на Рамос и Варан.