Фудбал

РАМСДЕЈЛ (ПО)КАЖА КОЛКУ НАВИСТИНА СЕ ЛУДИ ГОЛМАНИТЕ

Општо е познато дека не може секој да биде чувар на мрежата, затоа што тоа е позиција од која нема враќање – секоја грешка е речиси 100% гол и секоја секунда невнимание се казнува жестоко.

Но, секој голман си има своја рутина, а ова е ритуалот на Арон Рамсдејл:

Ако ме замолите да се концентрирам на фудбалската игра 90 минути, јас сум готов. Не можам да го сторам тоа. Затоа „се мешам“ со фановите и ќе пеам заедно со нив, дел од песните. Некој ме малтретира, па јас ќе се свртам и ќе им вратам малку.

Имам две или три минути лудило во мојата глава, а потоа директно се враќам на фудбалот. Повторно имам 10/15 минути чиста концентрација. Следно што знам, дошло полувремето.

Како го оценувате овој искрен и чесен излив на емоциите, на голманот на Арсенал?