Фудбал

КАМАВИНГА СЕ ПОВРЕДИ, ЧИЈА ГЛАВА ЌЕ ЛЕТА СЕГА?

Играчот на Реал Мадрид го напуштил тренингот по колизија со колегата од репрезентацијата, Усман Дембеле, кој настапува за екипата на ПСЖ.

Утре ќе бидат направени деталните лекарски прегледи врз Камавинга, по што ќе биде познато колку време тој ќе отсуствува од терените. Првичните неофицијални прогнози се дека не се работи за сериозна повреда, но ќе мора да се почека на официјалниот став на лекарскиот тим:

Кој е виновен за повредата и кој ќе плати ако Камавинга не игра во следниот период за клубот кој троши енормни средства за него?