РАМОС ГО ПРЕНЕСУВА РЕКОРДОТ СО ЦРВЕНИ КАРТОНИ И ВО ПСЖ
Објавено на: 23.12.2021
Шпанскиот интернационалец е апсолутен светски рекордер според добиените црвени картони во Топ 5 лигите во Европа. Следниот е на половина под него, не може ни да му се приближи во бројките.
Серхио Рамос има 27 црвени картони во кариерата, последниот го доби во само третиот меч во дресот на парискиот клуб. Мота има 16 црвени картони, Мексес има исто 16, Родригез има еден помалку и така натаму…
Ќе се покајат ли сопствениците на ПСЖ дека го купија Рамос? Го платија скапо и тоа откако му истече договорот со Реал, не играше долго поради повреда, сега поцрвенува како да не игра за милиони и во една од најквалитетните светски лиги…