Фудбал

ОФАНЗИВА ЗА ПОТПИСОТ НА ЛЕАО ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ОД ПРЕОДНИОТ РОК

Барселона не успеа во намерата да го реализира трансферот на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, кој играше феноменално на Европското првество и го освои со Шпанија, па Каталонците вниманието го свртеа кон Чизмата.

Шпанските медиуми информираат дека Барса во последните денови од летниот преоден рок ќе тргне во офанзива за потписот на Рафаел Леао од Милан, со надеж дека понудата од 90 милиони евра ќе биде доволна за Росонерите да ја отворат вратата за преговори.

Сепак, од таборот на седумкратниот европски првак се децидни во својот став, Леао е недопирлив и нема да замине од „Сан Сиро“, особено не во крајот на летниот трансфер прозорец. Но, доколку Португалецот побара да му биде овозможена преселба во Шпанија, работите може да станат непријатни…