Фудбал

ПРИМИ АМАТЕРСКИ ГОЛ, АМА ПОСТАВИ НОВ РЕКОРД

Омри Глазер, голманот на Црвена звезда ги излудуваше играчите на Сити, особено во првото полувреме кога ја спушти ролетната на својот гол и не дозволуваше погодок во неговата мрежа.

Но, во второто полувреме се си дојде на свое место – излезе дека повеќе играчите на Сити промашувале, отколку што израелскиот голман бранел. Истиот прими смешен гол, на крајот трипати ја вадеше топката од мрежата.

Сепак, постави нов рекорд кој изнесува 13 одбрани на еден натпревар во Лиата на шампионите. Претходно, Муслера имаше 12 одбрани на еден натпревар во елитната лига.