Кошарка

ПОВРЕДАТА НА ЈОКИЌ ЈА ПОТВРДИЈА И ОД ДЕНВЕР

Вечерва Денвер Нагетс гостуваат во Минеаполис кај Тимберволвс и ќе се обидат да ја продолжат победничката серија против овој тим, но овој пат без својот најдобар играч.

Според официјалната потврда од Денвер, Никола Јокиќ има истегнување на левиот зглоб. Тимот од Колорадо не објави до кога ќе отсуствува центарот од Србија, иако медиумите во САД шпекулираат дека одлуката да не патува вечерва поради тоа што не би сакале да ризикуваат со истата во раниот дел од сезоната, кога ништо и не се одлучува.

Освен Јокиќ, повреден е и рукито Кристијан Браун, исто така поради оток на левиот скочен зглоб, а нема да биде во комбинација и Кам Џонсон поради повреда на бицепсот.

Ќе биде интересно да се види како ќе одигра Денвер без Јокиќ и дали би можеле секогаш да играме против нив кога Србинот нема да биде во комбинација за игра.