Фудбал

ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА БЕНЗЕМА, ТОЈ НЕ СЕ ПОЈАВИ

Францускиот интернационалец „од професионални причини“ не излезе пред судот во Версај, каде му се суди за уценување на колегата фудбалер Матје Валбуена. Ако биде прогласен за виновен, Карим Бензема се соочува со 5 години затвор и 70.000 евра казна.

Случајот датира од 2015-та година, а наводно играчот на Реал Мадрид и уште четворица други се обиделе да го уценуваат сегашниот фудбалер на Олимпијакос, со сексуална снимка направена со телефон, додека биле на подготовки на француската репрезентација.