Фудбал

ДОМА СИ Е ДОМА? ЧЕЛСИ ГО БРКА АЗАР

Белгиецот е на пат да го напушти Мадрид, Кралскиот клуб не се покажа како добра средина за него од повеќе аспекти.

Ниту организацијата е лоша, ниту играчот заборавил да игра, едноставно не се создаде хемија и имаше голем фактор кој кумуваше – повредите на Еден.

Ел Насионал тврди дека Челси е прв во редот за поранешниот свој плејмејкер, кој замина од Лондон како еден од најдобрите играчи на светот, во финансиски огромен трансфер – 115 милиони евра.

Добар потег за двете страни, за фудбалерот и за сините?