Фудбал

ПОБЕДАТА Е ПОСЛАТКА ЗАТОА ШТО ВОЕДНО Е АПСОЛУТЕН РЕКОРД

Репрезентацијата на Италија победи против Белгија со 1:2 во четвртфиналното соочување меѓу овие две репрезентации, со головите на Барела и Инсиње, а за поразените стрелаше Лукаку.

Овој триумф значи и рекордна 15-та редоследна победа на континенталните натпревари за Аѕурите, земајќи ги в предвид официјалните мечеви во квалификациите за и дуелите на ЕП.