Фудбал

ПАНДЕВ ЗА МУРИЊО Е „МАКЕДОНСКИОТ КРАЛ“ (ФОТО)

Мурињо, Пандев и многу фудбалски легенди беа во Букурешт денес на ревијален фудбалски натпревар со хуманитарен карактер, каде што романскиот „дрим тим“ играше против селекцијата на светот, во која настапи и нашиот ас.

Неговиот тренер од Интер на неговиот Инстаграм профил сподели неколку фотографии од поранешни играчи, а меѓу нив беше и Горан Пандев, играч кој беше клучен во освојувањето на триплетата со Интер.

Тој го нарече Гоче „македонскиот крал“. Погледнете го сторито: