Фудбал

ОВА Е ОНА ШТО И НЕДОСТАСУВАШЕ НА ФОРМУЛА 1?

Секоја чест за Макс Ферстапен, актуелниот Ф1 шампион кој ја освои пол позицијата на легендарната патека Имола во Италија, пред Леклер, Перез и Саинц, но нешто друго денеска излезе на површина, еден есенцијален елемент кој го следи и го изгради овој спорт во она што е денес.

Италијанските тифози, љубителите на најбрзиот спорт и најверните симпатизери на италијанската екипа Ферари, се појавија на патеката во огромен број. Кореографијата и емоциите на трибините, се знак дека Формула 1 се уште живее, во очите на оние што го сакаат овој спорт до бескрај.