ОСВЕН ШТО Е ТЕНИСЕР, НОЛЕ Е И ТАТКО БР. 1
Објавено на: 22.06.2021
Големите спортски ѕвезди, ретко имаат време за своите семејства. По освојувањето на парискиот Ролан Гарос, првиот светски рекет помина време со својот син Стефан, на Мајорка.

Во паузата пред Вимблдон, најде начин да се релаксира и да ја покаже љубовта кон својот наследник. Горната фотографија е само еден од моментите кои ќе останат во вечно сеќавање на двајцата.
Во потсетуваме и на видеото во кое Новак вели дека неговиот син удира со форхенд преку главата, исто како неговиот голем ривал, шпанскиот тенисер Рафаел Надал.
