Фудбал

ОСИМЕН ЌЕ ГО ТУЖИ НАПОЛИ ЗА СРАМНО ВИДЕО НА ТИК-ТОК

Виктор Осимен би можел да преземе правни мерки против Наполи – според официјалната изјава на неговиот агент Роберто Календа.

Она што се случи денеска на официјалниот профил на Наполи на платформата TikTok не е прифатливо. Прво беше објавено видео во кое се исмејува Виктор, а потоа, со задоцнување, избришано. Сериозен факт што предизвикува многу сериозна штета на играчот и го надополнува третманот што го трпи момчето во последниот период помеѓу медиумските осуди и лажните вести. Го задржуваме правото да преземеме правни дејствија и каква било корисна иницијатива за заштита на Виктор.

Ова е видеото:

Што е со светов, како успеаја сите да полудат одеднаш?