ЛЕГЕНДАТА НА БАЕРН САКА ДА ГО КУПИ ПАДНАТИОТ ФРАНЦУСКИ ГИГАНТ
Објавено на: 03.01.2025
Оливер Кан изрази желба да инвестира во шесткратниот француски шампион Бордо, клубот кој моментално се натпреварува во четвртата француска лига.
Легендата на Баерн Минхен е во потрага по нов предизвик, 19 месеци откако ја напушти функцијата на генерален директор на Баварците. Целта на Кан е финансиски да го поддржи клубот за што поскоро да се врати меѓу елитата.
Споре неколку француски медиуми, Кан веќе покренал иницијатива, а преговорите во негово име ги обавува поранешниот сопственик на Марсеј, Жак-Анри Ејрод.
Бордо од неодамна прогласи банкрот и поради тоа беше исфрлен од професионалните лиги во Франција, па сега камбекот кон елитата го спроведуваат преку аматерските лиги.
За популарните Жирондинци игра Енди Керол, поранешниот англиски голгетер на Ливепул и Њукасл, а тимот моментално стои на четвртата позиција на табелата со 21 бод, со 11 бода помалку од лидерот Сен-Мало, но и со два натпревари помалку.