Фудбал

ФРАНЦУСКИОТ ГИГАНТ СЕ СПАСИ: ЛИОН НЕМА ДА ИГРА ВО ЛИГА 2!

Жалбата на Олимпик Лион се покажа како успешна, францускиот гигант нема да игра во Лига 2 следната сезона, односно ќе остане во француската елита.

Откако пред две недели фудбалската финансиска регулатива во Франција административно го испрати Лион во втората лига поради неисплатени долгови, новото власнишство на клубот успеа да преговара за опстанок во елитата.

Сепак, допрва треба да подмират долговите, а Лион ќе мора да истрпи и рестрикции околу нови засилувања, што не се добри вести затоа што популарните Лавови изборија пласман во Лигата на Европа за следната сезона, натпреварување кое сигурно ќе сакаат да го освојат.

Како и да е, се оди победа по победа, засега е доволно што се поништи одлуката за Лион да биде исфрлен во втората лига на Франција.