(ФОТО) ОК, ЗНАЧИ САКАТЕ ДА ГО БЛОКИРАТЕ ДЈУРАНТ?
Објавено на: 06.08.2021
На фотографиите е прикажан еден од скок-шутевите на американскиот лидер на овие олимписки игри, најдобриот стрелец во историјата на американската селекција на овие турнири, играчот на Бруклин без кого играта на јенките едноставно не е иста.

Кевин Дјурант има 205 см, Ник Кеј има 206, ја воочувате ли разликата? Американците ќе играат за златото против Французите кои ги совладаа во првото коло, но никој во историјата ја нема совладано оваа селекција двапати на едни ЛОИ.

Бонус фото од еден дуел на Дјурант и Јан Весели, на мечот меѓу САД и Чешка, а патем да споменеме дека чешкиот центар има 213 сантиметри:

Ако успее да го освои златото против Французите, Дјурант ќе се изедначи со Кармело Ентони според бројот на златни медали (3), а има и едно злато од СП 2010-та кога беше прогласен за МВП. Сепак, индивидуалните статистички достигнувања ќе го издвојат пред сите останати.