ОФИЦИЈАЛНО: МЕСИ ВРЕДИ 400 МИЛИОНИ ЕВРА ПО СЕЗОНА
Објавено на: 04.04.2023
Конечно стугна и понудата за услугите на аргентинскиот интернационалец, која клубот Ал-Хилал од Саудиска Арабија ја испрати на адреса на актуелниот фудбалер на ПСЖ.

Лео Меси, ако ја прифати понудата, ќе стане најскапиот фудбалер во историјата и двојно поскап од неговиот вечен немесис, Кристијано Роналдо кој заработува 200 милиони евра годишно во редовите на лутиот ривал Ал-Наср.

Оваа вест доаѓа од елитни познавачи на приликите во фудбалот и треба да им се верува. Вреди ли толку еден фудбалер, па макар се викал и Лионел Меси?