Фудбал

НИТУ „Д“ ОД ДРАКОНСКАТА КАЗНА ЗА МИТРОВИЌ

Напаѓачот на Фулам се спаси и доби суспензија далеку помала од онаа што се очекуваше, по првичните проценки на ситуацијата која ја предизвика Србинот со англискиот судија.

Александар Митровиќ ќе паузира на (само) 8 натпревари, поради контактот со рака што го имаше со арбитарот Крис Каванаг на Олд Трафорд, при елиминацијата од ФА Купот.

Се спаси српскиот интернационалец, или казната е соодветна?