ОДБРОЈУВАМЕ ДО ЕЛ-КЛАСИКО: СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА ТРАНСФЕРОТ КОЈ ЈА УНИШТИ БАРСЕЛОНА?
Објавено на: 30.09.2021
Во 2000-та година, кандидатот за претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез потпиша преддоговор со (агентот на) Фиго во висина од 2.4 милиони евра за трансфер на португалскиот ас во главниот шпански град, ако тој победи на изборите. За да не се пресели во Реал, Фиго требаше да плати отштета од 30 милиони евра. Виртуозот негираше и рече дека останува на Камп Ноу.

Единствениот начин да се спаси, за Барселона беше да ја плати отштетата, затоа што Перез победи на изборите, но победи и во трансфер-сагата. На 24-ти јули, Алфредо Ди Стефано му предаде бел дрес на Луис Фиго, кој потоа стана легенда на Реал Мадрид како дел од генерацијата Галактикос. Подоцна, во Барселона беше дочекан со свинска (издајничка) глава, фрлена од трибините.
Следете не и дознајте повеќе за претстојното Ел-Класико на 24-ти октомври, на кое ќе патуваат двајцата среќни добитници од нашата наградна игра.