ОДБРОЈУВАМЕ ДО ЕЛ-КЛАСИКО: РЕАЛ И БАРСА СЕ НАЈСЛЕДЕНИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ
Објавено на: 03.10.2021
Мадриѓаните играат добро во воведниот дел од сезоната, Каталонците имаат големи проблеми во формата, но тоа се двата најценети клуба кај глобалната светска спортска публика. Дoказ за тоа се следбениците на социјалните мрежи.

Барселона на второто место на оваа листа има нешто над 215 милиони следбеници, додека Реал Мадрид на првата позиција има над 226 милиони следбеници. Годините исполнети со трофеи го прават своето – кралевите се рекордери во сите релевантни натпреварувања и статистички категории.

Извор на податоците на фотографијата погоре е Марка, а периодот е месец јануари 2021. Додека ги избројат следбениците следниот јануари (2022), следете не и дознајте повеќе за претстојното Ел-Класико на 24-ти октомври, на кое ќе патуваат двајцата среќни добитници од нашата наградна игра.