ОДБРОЈУВАМЕ ДО ЕЛ-КЛАСИКО: НИКОГАШ НЕМА ДА ПРЕТПОСТАВИТЕ КОЈ Е НАЈКОНТРОВЕРЗНИОТ МОМЕНТ?
Објавено на: 05.10.2021
Ел-Класико е најголемото фудбалско ривалство во модерниот свет. Реал Мадрид га претставува круната и националистичките идеи на Шпанија, а Барселона националистичките и сепаратистички идеи на Каталонија. Еден од најконтроверзните моменти во историјата на ова ривалство, е поврзан со еден од најдобрите фудбалери што играле во овие два клуба.
Алфредо Ди Стефано допатувал за Шпанија, на пријателски турнир на Реал Мадрид со колумбискиот клуб Миљонариос и победил на турнирот. Мадриѓаните покажале интерес за фудбалскиот виртуоз, но директорите на Барселона веднаш заминале за Аргентина, да преговараат со последниот клуб што ги имал правата за фудбалерот, а тоа бил Ривер Плата.

Настанала административна каша, по што медијаторот во името на шпанската фудбалска федерација решил Алфредо Ди Стефано да игра по две сезони за Реал и за Барселона. Каталонците не се согласиле со едно вакво соломонско решение и на крајот, Алфредо Ди Стефано станува една од најголемите легенди во историјата на Реал од Мадрид.
Со него и со генерацијата во која играше, Кралскиот клуб ја покоруваше европа во првите 5 сезони од Лигата на шампионите, а тој стана симбол на кралската доминација. Следете не и дознајте повеќе за претстојното Ел-Класико на 24-ти октомври, на кое ќе патуваат двајцата среќни добитници од нашата наградна игра.