Фудбал

НОВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА РЕАЛ МАДРИД, Е?

Многу фудбалери сонуваат да заиграат за Кралскиот клуб и не бираат средства како да се наметнат во најдолгиот ред на чекање во светски рамки. Еве една интересна ситуација, што се случи по моечот меѓу Реал Мадрид и Наполи.

Таткото на Квича Кварачкелија, Бадри изјави:

За Квича, играњето против Реал Мадрид е посебно. Во моето семејство сите се поддржувачи на Реал Мадрид, освен мене.

Квара секогаш сонувал и се уште сонува да игра за Реал Мадрид. Сигурен сум во тоа. Тој е мој син и го познавам многу добро.

Дали таткото кажа нешто што агентите досега не знаеле или едноставно се обидува да ја испита вредноста на својот син на фудбалскиот пазар? Кој е, инаку, мотивот за ваквата изјава?