Фудбал

НИКОГАШ НЕ СУМ БИЛ УБАВ, НО СЕКОГАШ СУМ ЕФИКАСЕН

Италијанскиот дефанзивец го искорист моментот на последното ЕП, кој можеби беше и клучен за титулата, да објасни каква е неговата фудбалска филозофија, за која вели дека е подобро да е резултатска, отколку уметничка.

Џорџо Кјелини, за прекршокот против Букајо Сака изјави:

Згрешив читајќи го одбивањето на топката. Сака беше премногу паметен и помина низ мене. Не сфатив навистина како го направи тоа. Првата работа што треба да направам, е да го повлечам. Нешто што за мене е нормално.

Жолтиот картон е подобар отколку да примиме гол во транзиција. Не беше убаво да се гледа сигурно, но тоа е нешто што го научив во мојата кариера, дека треба да бидеш ефективен, а не убав. Никогаш не сум бил убав, со топка или без топка, а исто така и надвор од теренот (покажува кон своето лице).

Каков фудбалер, на теренот, во името на Киелини сакате, убав или ефикасен?