Тенис

НОВАК ЈА ПОБЕДИ И ПУБЛИКАТА, ИЗМАМИ АПЛАУЗИ И ОД РОД ЛЕЈВЕР

Српскиот тенисер го доби дуелот со американската публика, која мора да му аплаудира на резултатите, а во минатото беше непријателски настроена кон српскиот тенисер. Пропагандата на вечната војна меѓу истокот и западот ја прекинува Новак Ѓоковиќ, а љубителите на тенисот во Њујорк ќе мора да поработат и на фаќање на топчињата:

Несопирливиот Ѓоковиќ е на пат да ја освои 21-та Грен Слем титула во кариерата, што ќе биде рекорд и ќе застане осамен пред Федерер и Надал, но воедно и ќе го освои Календарскиот Слем, што последен успеал да го реализира австралискиот легендарен тенисер Род Лејвер кој не ги штедеше дланките по триумфот на Ноле против Зверев (3:2):

Во рекордното 9-то финале на УС Опен за еден тенисер во сингл конкуренцијата, Новак Ѓоковиќ ќе се соочи со Медведев. Треба да биде свој и да продолжи во истиот ритам со кој царува на Артур Еш стадионот, со цел да испише историја во повеќе категории. Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња?