Фудбал

НОВ КИКС НА ОНАНА ЗА ТРОЛ ФУДБАЛ

Почетокот на сезоната дефинитивно не припаѓа на Андре Онана, кој пристигна во Јунајтед како големо засилување и достојна замена за Дави Де Геа.

Камерунецот веќе има неколку киксеви кои го чинеа бодови Манчестер Јунајтед, а вечерва прими нов бизарен гол од Лирој Сане.

Германецот упати удар од повеќе од 20 метри, но иако Онана беше наместен да ја фати жива топката, успеа да си ја вметне во својата мрежа.

И секако, на овој кикс реагираше и Твитер заедницата, особено Трол Фудбал страницата со следниот твит.