Кошарка

НЕНО ИМ ПРЕСУДИ НА ДАНЦИТЕ ВО ПОСЛЕДНАТА СЕКУНДА ОД НАШАТА ПОЛОВИНА

Македонија победи кај Данска на стартот на (прет)квалификациите за ЕП 2025, со кош постигнат во последната секунда, постигнат при нерешен резултат – тројка погоди Ненад Димитријевиќ за конечните 70:73:

Македонија е во група со селекциите на Данска, Норвешка и Словачка, кои треба да ги намачкаме на леб. Следниот меч ни е на домашен терен, против Словачка, на празникот Богородица на 28-ми август во 19:00 на Кале.