НЕКОГАШ, НА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИТЕ ПАУЗИ, ЗА БРАЗИЛ …
Објавено на: 05.10.2021
… Настапуваше големото трио сочинето од Роналдо, Ривалдо и Роналдињо. Тројцата виртуози беа страв и трепет за противничките одбрани, а мелем за фудбалската публика која подзинато гледаше како играат и со нетрпение ги чекаше нивните натпревари.
Бразилците до неодамна беа лидери според серијата натпревари без пораз, рекорд што го урнаа Италијанците и поставија нов. Кариоките ги освоија титулите на светското првенство во Ј. Кореа и Јапонија во 2002-та, претходно во САД 1994-та, имаат рекордни 5.

Може ли некоја денешна репрезентација да им се спротивстави на овие магионичари?