Фудбал

НЕКОГАШ МУ СЕ ПОТСМЕВАА НА МОЈС, ДЕНЕС ЌЕ МУ СЕ ПОКЛОНАТ

Навивачите на Ливерпул особено, но и фановите на другите англиски клубови го исмеваа некогашниот тренер на Манчестер Јунајтед, кој дојде како замена за вечниот Алекс Фергусон, а си замина по нецела сезона поради катастрофалните резултати.

Дејвид Мојс имаше неверојатни резултати со Евертон пред да се пресели во Јунајтед, а оваа сезона го прави истото со Вест Хем, што значи не било до тренерот. Во тековниот шампионат, ги победи Ливерпул, Сити, Јунајтед, Тотенхем и Лестер.

Со оглед на тоа што по 11 кола во англиското првенство неговата екипа се наоѓа на 3-та позиција, со само три бода зад лидерот Челси (26) и исто колку Манчестер Сити (23), веќе може да го прогласиме Мојс за менаџер на сезоната?