НЕДВЕД ДЕМАНТИРА ЗАМИНУВАЊЕ НА РОНАЛДО
Објавено на: 23.08.2021
Голема прашина се крена на „чизмата“ откако Кристијано Роналдо неочекувано се најде на клупата на Јувентус место во првите 11.
Првичните најави од Скај Спортс беа дека Роналдо побарал да биде на клупата, инсистирајќи на трансфер надвор од Торино, а ова е прва негова предупредувачка порака. Но според Павел Недвед причините се кријат во недоволната подготвеност на Португалецот.
Да не создаваме приказни онаму каде што ги нема. Кристијано Роналдо побара да биде на клупата поради неговата недоволна физичка подготвеност бидејќи доцна се приклучи на тимот. Нашиот тренер секогаш ќе започнува со оние кои се најдобро подготвени, па така денес и Кијелини беше на клупата.
На прашањето дали може да потврди дека Роналдо ќе остане во Торино и сезонава, потпретседателот на Јувентус одговори:
Секако. Апсолутно потврдувам дека Роналдо ќе биде наш играч оваа сезона.
Според Скај Спорт, Роналдо бара начини да си замине од Јувентус, но до сега ниту една понуда не е пристигната до најтрофејниот италијански тим. Шпекулациите велат дека тимот од Торино би можел да го продаде Роналдо за цена од 30 милиони евра доколку пристигне вистинската понуда.