НАВИВАЧИТЕ НА СРБИЈА ГИ ИЗБРКАА ФУДБАЛЕРИТЕ (ВИДЕО)
Објавено на: 25.06.2024
Српските фудбалери завршија на последното место во групата откако ремизираа без голови со Данска, што значи дека Англија и Данска одат понатаму, а Словенија ќе мора да го чека расплетот во битката на третопласираните.
Очекувањата на српската јавност беа големи и се надеваа дека ќе се пласираат во 1/8 финалето барем како второпласирана екипа, но на крајот завршија последни со само еден постигнат гол.
На крајот, се упатија кон навивачите да ги поздрават кои во огромен број беа во Минхен, но наидоа на револт од нив и не сакаат да отпоздрават назад.
Navijači Srbije oterali igrače posle ispadanja sa Eura! pic.twitter.com/kzuiu2GTBm
— Premier99 (@Premier99999) June 25, 2024