Фудбал

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: ШТО ПРВО ВИ ПАЃА НА УМ, КОГА ЌЕ ГИ ВИДИТЕ ЛОГОТО И ЕКИПИТЕ?

На денешен ден, во 2007-та година, екипите на Милан и Ливерпул го одиграа второто меѓусебно финале во Лигата на шампионите, во само три сезони во елитното натпреварување.

На овој дуел, му претходеше епскиот пресврт на Ливерпул во Истанбул 2005-та, мистерија која до ден денешен никако не е разјаснета – Милан водеше со 3:0 по 45 минути игра, во најдоминантното полувреме видено во историјата на фудбалот.

Ливерпул за 10-тина минути изедначи на 3:3, по што на минута до крајот на продолженијата Шевченко промаши шанса со нога и глава од два метра пред Дудек, кој стана херој на црвените од Енфилд. Пеналите, беа лотарија во која победата повеќе ја сакаше Ливерпул.

Две години подоцна, во Атина, следуваше реванш:

Кликнете на линковите и гледајте ги хајлајтсите на YouTube. На што ве потсеќа вториот натпревар?