НАЈГОЛЕМИОТ ШАМПИОН МУ КАЖА ЗБОГУМ НА ТЕНИСОТ
Објавено на: 03.09.2022
По 27 години, Серена Вилијамс реши да се збогува со белиот спорт каде влезе како срамежливо девојче, а заминува како горда жена.
Американката во долгата и плодна кариера, има освоено безброј пехари, но најважните се:
4 Олимписки злата
23 Грен Слем сингл титули
14 Грен Слем дубл титули
Серена Вилијамс е единствената претставничка на тенисот која има Златен слем во сингл и дубл, на делба е на 1-то место со најдолго време поминато како број 1 на листата.
По ова, може само да прашаме – кој е најдобриот играч во светот на тенисот, на сите времиња, маѓу мажите и жените?
